Расказот како жанровски и дискурзивен феномен во збирката Припитомување на кучката од Венко Андоновски
Искра Тасевска Хаџи-Бошкова
Journal of Contemporary Philology · 2020
doi:10.37834/jcp2030071thb (opens in a new tab)
We email you when a new notice or a question about this paper appears.
Abstract
Текстот претставува обид да се доближи творештвото на македонскиот писател и универзитетски професор Венко Андоновски низ интерпретација на расказите од збирката Припитомување на кучката. Појавата на оваа збирка значеше преиспитување на авторовите творечки модели, како и реактуализирање на наследените жанровски, стилски, мотивски и други елементи од литературата воопшто. Нашата анализа го зема најпрво предвид класичното поимање на расказот како жанр, кое може да се следи преку испитувањето на неговите жанровски својства, за да бидат потоа тие тези преосмислени во врска со потенцијалот на расказот како дискурзивен феномен. Анализирањето на расказите на Андоновски е направено соодветно на нивниот распоред во збирката, бидејќи таквиот редослед упатува и на постепената промена на авторовата перспектива во однос на расказот. Очекувано е дека одредени прашања ќе останат отворени, особено оние во однос на поимањето на жанровската структура, или во однос на валидноста на жанровските претпоставки. Сепак, расказите од оваа збирка сведочат за активното конфронтирање со гласовите на епохата, односно со масовната литература, која нуди инстантни варијанти за многубројни, често едноставно разбрани аспекти на она што се нарекува вештина на творење литературни текстови.
Abstract licence: CC BY-ND
Reads
Read by people on this page
None yet.
Checked or read by AI through naulon
None yet.
A person counts once a day per paper. We keep no cookie and no address: a reader is a hash that changes every day. Any month under five reads shows no number.
Are you an author?
Is this your paper?
Claim it to add your note and be paid when agents cite it. Free.